| четврток, 6 декември 2018 |

Безжичен интернет во автобусите на ЈСП

Операторот на безжичен интернет „Сан вајрлес“ и јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ склучија партнерски договор со кој ќе биде овозможено користење безжичен интернет во автобусите на ЈСП.

Сите патници во автобусите на ЈСП за време на нивното патување ќе имаат можност да користат брз и стабилен безжичен интернет.

Со овој договор се предвидува да се обезбедат со безжичен интернет сите автобуси на ЈСП „Скопје“, а веќе со сервис се обезбедени десетина автобуси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top