Данска е водечка европска земја во однос на производството на органска храна по глава на жител, а во однос на расположивите обработливи површини, од кои над девет отсто се сертифицирани како органски, оваа држава го зазема првото место во светот.
Данска е и голем извозник на органска храна. Лани во повеќе европски држави, но и во Кина и САД, оваа држава со 5,6 милиони жители и 1.469.000 хектари обработливо земјиште има остварено извоз од 306 милиони евра.
Данска е позната како голем производител и извозник на органско млеко и месо, јајца и моркови. Иако сегашните прописи на ЕУ се прилично ограничувачки во однос на квотите за земјоделско производство во земјите членки, данската влада најави дека максимално ќе ја субвенционира програмата според која во 2020 година најмалку 15 отсто од земјоделското производство ќе биде органско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.