Студентски Парламент на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ –Скопје ја поддржува иницијативата на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид за државниот испит кои вчера ја доставија до МОН. Освен што ја поддржуваат иницијативата, СПУКМ предлагаат и надополнување на истата.
-Оваа иницијатива за нас како Студентски парламент е сосема коректна, конструктивна во насока на дополнување на предложениот пакет мерки за реформирање на високото образование во која тие се залагаат студентите да можат да одат на предавања односно да слушаат предмети од трета година независно дали го положиле првиот дел од државниот испит кој би се реализирал по завршување на втората студиска година, вели Михаела Капсарева од СПУКМ.
За СПУКМ идејата е прифатлива, но тие предлагаат надополнување на иницијативата односно, освен предлогот студентите да можат да слушаат предмети од трета година независно од положениот прв дел од државниот испит, на крајот од втората студиска година да можат да полагаат барем една третина од предметите во трета студиска година.
-Цениме дека со ова би се зголемила мотивацијата кај самите студенти затоа што на некој начин би се обезбедил дополнителен период во кој студентите кои не го положиле од прв пат првиот дел од државниот испит ќе имаат можност да се подготват подобро и да продолжат без притоа да заостануваат во поглед на преодноста во следното ниво на студирањето, вели Капсарева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН му ги врати ингеренциите во образованието на Таравари
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти