Екипите на ЕВН Македонија работат на отстранување на дефектите на три критични точки каде треба да се нормализира снабдувањето со електрична енергија. Се работи интензивно на потегот кај Пренков мост, Луково Поле и Жировница. Од утрово на терен во критичните места е и дел од кризниот штаб на ЕВН Македониаја и тимови на инженери кои директно се вклучени во поставувањето на нова 10 кВ врска за селата од реканскиот крај. Градоначалникот на Општината Маврово и
Ростуша, г. Мукрем Мехмеди разговараше со членот на Управниуот Одбор на ЕВН Македонија д-р Игор Гиевски за интензитетот на остранувањето на дефектите и начинот на кој треба да се нормализира состојбата со снабдувањето со електрична енергија во реканските села.
„Отстранувањето на дефектите на потегот кон Бошков мост е најважната точка за нормализирање на снабдувањето со електрична енергија на овие населени места. Ќе останеме тука да работиме се додека не обездеиме сигурно снабдување со електрична енергија на жителите на реканскиот крај, изјави Гиевски.
На потегот од Жировница до Бошков мост, снежното невреме и силниот ветер комплетно ја уништија дистрибутивната мрежа, и 35 кВ и 10 кВ далекувод. На овој потег се прави нова врска, за само еден ден се подигна сосема нов далекувод од 12 столба, и денес со специјализирани екипи и чамци се поставуваат два нови столба и се премостува врската низ езерото.
Од пладнево и сите села на пренспанското крајбрежје имаат електрична енергија. Екипите на ЕВН сега работат на помалите дефекти во ниско напонската мрежа. Снабдувањето со електрична енергија се нормализира во преспанските и дел од охридските села Курбиново, одморалиште и викенд населбата Асамати,Грнчари, Долно Перово и Подгорци, Велестово, Брајчино, Љубојно, Долно Дупени, Радожда, Долно и Горно Татеши.Електрична енергија добија и населените места Крбла, Џепчиште, Отишани со што Центар Жупа комплетно е вклучена под напон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.