| четврток, 6 декември 2018 |

ЧУДО – седумгодишно девојче преживеа пад на авион и ја пријави несреќата

Седумгодишноо девојче преживеа авионска несреќа во која загинаа четири лица и дезориентирана и повредена побарала помош кај локален жител, објавија властите во американската држава Кентаки.

Малиот авион “Пајпер Па-34”, пријавил проблем со моторот, а контакт со контролата на летање изгубил во југозападниот дел на Кентаки околу 17.55 часот по локално време, објави Американската администрација за авијација.

Девојчето во несреќата ги загубило двајцата родители, постарата сестра и братучедата. Таа се оддалечила од местото на несреќата за да побара помош. Нејзините нозе и лице биле крвави, но во болница утврдиле дека не станува збор за сериозни повреди.

Во тек е истрага за причините на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top