| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден пожар во Скопје вечерва

Автосервис на улица „Скупи“ б.б. во скопската населба Злокуќани вечерва го зафатија пламени јазици. Пожарот зафатил површина од 300 метри квадратни, а половина од конструкцијата е целосно пеплосана.

Пожарната служба интервенирала брзо и спречила автосервисот целосно да изгори.

Ова е трет поголем пожар од почетокот на годинава. Утрово изгоре кафуле во скопскиот трговски центар „Бисер“, а вчера се запали ресторанот „Велчево меанче“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top