| четврток, 6 декември 2018 |

Мистериозна радио-станица емитува ист сигнал веќе 40 децении

Мистериозната радио-станица позната под името „Buzzer“ емитува еден ист сигнал и порака повеќе од 40 години, поточно од 1970 година. Пораката „У-В-Б-7-6‘“ е прочитана на карактеристичен руски акцент, а потоа следуваат серија кодови составени од зборови и броеви за кои никој не знае што значат.

Откако ќе се прочита пораката, карактеристичното зуење на радио-фреквенцијата се враќа и трае неколку месеци. Многумина ја слушнале пораката која „Buzzer“ ја емитува, но нејзината суштина и понатаму останува тајна. Не се знае дали станува збор за некоја голема руска воена тајна или е во прашање можеби атмосферско истражување.

“Buzzer”e краткобранова радио-станица со непознато потекло. Иако звукот во текот на годините мошне малку се променил, тој секогаш го вклучувал карактеристичното зуење, прекинато со непознат глас кој ја чита пораката.

Звукот се емитува на фреквенција од 4625 kHz, и секој што сака може да го слушне. Со години се сметаше дека пораката се емитува од градот Поварово во близина на Москва, но во септември 2010 година локацијата се промени. Таа сега се наоѓа некадево западна Русија.

Најверојатно станува збор за некоја тајна порака на руската војска, но без оглед на тоа „Buzzer“ поттикна настанување на бројни блогови и сајтови кои ги направија теоретичарите на завери со тема: што всушност емитува оваа радио-с

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top