| четврток, 6 декември 2018 |

Укината забраната за тешки возила на Стража, Пресека и Буково

ЈП Македонија пат соопшти дека е укината забраната за движење на тешки товарни возила на неколку планински превои, но задолжителна е употреба на зимска опрема.

На патниот правец Охрид-Ресен преку планински превој Буково забраната за сообраќај за тешки товарни возила е укината, но е задолжителна употреба на зимска опрема (ланци).

На патниот правец Охрид- Кичево преку планински превој Пресека е укината забраната за сообраќај за автобуси.

На патниот правец Охрид-Кичево преку планински превој Пресека е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила, но е задолжителна употреба на зимска опрема (ланци). На патниот правец Гостивар – Кичево преку планински превој Стража забраната за сообраќај за тешки товарни возила е укината, се вели во соопштението на Македонија пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top