| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен e криминалецот Авни Зенели, познат како Сламарица

policija-2

Попладнево е уапсен Авни Зенели, познат како Сламарица, роден 1968 година од Куманово, јавуваат медиумите.

Според првичните информации, станува збор за повеќекратен убиец и опасен криминалец по кого полицијата трагаше изминативе години.

Во отсуство е осуден на неколкукратни доживотни казни и баран е со меѓународни потерници. Меѓу другото, Зенели се товари за убиството на бизнисменот од Гостивар извршено на 9 неомври 2013 година во Чаир.

Уапсениот исто така се товари и убиство во обид на „Боксер“ од Куманово во 2008 година, убиство во обид во 2003 година пред болницата во Куманово, како и истата година убиство во обид во кумановска Речица.

Зенели се товари и за недозволена трговија со оружје и дрога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top