–Соработката меѓу полицијата и граѓаните е важна и таа овозможува побрзо и посоодветно да одговориме на нивните барања и потреби – оцени денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Заблагодарувајќи им се на граѓаните кои со јавување на телефонскиот број 192 спречиле извршување на кривични дела, Јанкуловска апелираше граѓаните и во иднина да продолжат да пријавуваат случаи за кои сметаат дека се можни кривични дела.
Таа посочи дека благодарение на јавувањата од граѓани, спречено е самоубиство, обид за кражба на автомобил и напад врз едно лице.
– Сите овие примери потврдуваат дека кога имаме соработка со граѓаните и меѓусебна доверба, ние сме поефикасни и побрзо и посоодветно може да одговориме на нивните барања и потреби – изјави Јанкуловска по посетата на Центарот за информации и команди при СВР Скопје, каде беше информирана за безбедносните состојби во текот на новогодишната ноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре