Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов придружуван од министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ генерал-потполковник Горанчо Котевски, традиционално првиот ден од Новата година ги посети припадниците на АРМ. Денеска Иванов беше во посета на Батаљонот за специјални намени во скопската касарна „Илинден“.
Честитајќи им ја Новата година, претседателот Иванов од негово лично име, но и од името на сите граѓаните на Република Македонија на припадниците на АРМ им искажа благодарност за се она што го прават за одбраната и за мирот во земјата. Тој упати честитки и до сите војници од АРМ кои се во мировни мисии во други земји.
– Желбата на сите војници и старешини е конечно оваа година Република Македонија да го добие тоа што го заслужи и што и припаѓа, да биде членка на НАТО – изјави претседателот Иванов.
Пред претседателот Иванов рапортираа и надлежните од водот задолжен за неговото обезбедување, по што и Врховниот командант на вооружените сили го откри и камен-обележјето на армиските „волци“ каде што во иднина секој од нив ќе дава заклетва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани