| четврток, 6 декември 2018 |

Стотина пациенти примени во клиниките, 16 повредени во тепачки

Од Ургентниот центар информираат дека новогодишната ноќ поминала релативно мирно.

Доктор Андреа Гавриловиќ информираше дека биле примени 56 пациенти, од кои 15 биле повредени во сообраќајни несреќи, 7 во физички напади и 2 лица паднале на снег.

Најголемиот дел од лицата биле пратени на домашно лекување, двајца од нив биле префрлени на Универзитетската клиника за трауматологија, а едно лице на торакална.

На Универзитетската клиника по хируршки болести во текот на ноќта биле примени 52 пациенти.

Девет од нив настрадале во тепачка, три во сообраќајни несреќи, три лица биле повредени со петарда и две лица биле примени со акутен абдомен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top