Најмалку 35 луѓе загинаа, а 42 се повредени во стампедо за време на новогодишната прослава на кејот Вајтан во централниот дел на Шангај, објавија локалните медиуми.
Несреќата се случила на масовниот собир на Плоштадот Чен Ји, 25 минути по полноќ, откако непознат човек фрлил фалсификувани американски долари од покрив на зграда. Тогаш луѓето почнале да се туркаат за да ги соберат парите и тоа ја предизвикало трагедијата.
Властите започнале спасувачка операција и давање помош на повредените.
Повеќето од повредените се пренесени во болница, каде во посета пристигнал и градоначалникот на Шангај, Јан Сјун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



