Aктивностите за носење странски инвестиции и за создавање добра бизнис клима се исплатеa и по реализираното ветување за најмалку 20 нови инвестиции годинава се очекуваат уште најмалку 25 нови за догодина, оцени премиерот Никола Груевски во новогодишно обраќање во кое посочи дека странските инвестиции дале нов импулс на нашата економија, но и на многу постоечки македонски компании кои станаа нивни партнери или добавувачи.
– Тоа ме чинеше многу труд, време, енергија, напорни патувања, и мене и мојот тим за привлекување инвестиции, но се исплатеше. Се исплатеше и големата посветеност да се создаде добра бизнис клима во земјата, која е предуслов да дојдат странските фирми. Не останавме должни и кон домашните фирми. Не само што сите закони важат и за нив, целата таа подобрена атмосфера на бизнис ја користат и тие, туку за нив излеговме и со нова кредитна линија со најниски можни камати во земјата од 5,5 отсто, што беше сериозно гориво во моторите на домашната економија, наведува Груевски.
Фактот што Светската банка не вбројува во 30-те најдобри земји во светот според условите за водење бизнис, според премиерот гарантира успех и за 2015-та.
– Досега стекнатото искуство ми дава за право, ако минатата година ветив дека најмалку 20 странски компании ќе донесат и објават одлука за инвестирање во Македонија, што и се оствари и надмина, сега можам да ветам дека најмалку 25 нови компании во 2015- та ќе го направат истото, вели Груевски.
Се осврнува на одлуките за инвестиции, отворање нови капацитети, почетоци со градба и првични вработувања, набројувајќи ги плановите и активностите на ОДВ Електрик, Костал, Рехникал текстил, Веибо груп, Капкон.
– Германската ОДВ Електрик во Охридско-струшкиот регио,н која почна да вработува и планира да вработи вкупно 1.000 невработени лица, а во истиот регион истото го објави и германската Костал исто така со 1.000 вработувања. Германската Ки сејфти системс веќе почна да регрутира вработени, а планира да вработи над 1.000 лица во Кичево, а германската Маркард веќе ја гради фабриката кај Велсе во која почна веќе да ги селектира дел од 600-те планирани вработувања. Германскиот Техникал текстил, кој веќе гради во штипската зона, ќе отвори нови 600 работни места. Две компании објавија свои инвестиции во Прилеп, едната е американската Етанол Јуроп Рињујабл, кој планира вработување на 1000 лица, а втората германската Гентерм, која планира вработување на 2000 невработени, наведува Груевски.
Веибо груп од Турција, додава, веќе донесе механизација во Ранковце и почна да го подготвува теренот за градба на неколку фабрики во кои планираат да вработат најмалку 5.600 лица. Тие ќе понудат работа за цел регион каде се Крива Паланка, Кратово, Пробиштип и Куманово. На истокот во регионот Кочани-Виница, американската коорпорација Анфенол почна да вработува и планира да достигне најмалку 2.000 лица, како и холандската Антура која го гради својот капацитет во кој планира да вработи 200 невработени.
Пред две недели, потсетува премиерот, американската Капкон објави градба на фабрика кај Скопје за 400 невработени. Во скопската зона веќе гради фабрика Диатек од Италија каде ќе се вработат најмалку 200 лица, а во истата зона се определија и објавија одлука Монтанте од Италија и фирмата Енергија од Украина. Британската Еуро БПО веќе почна со работа во Скопје, а планира да достигне до 350 лица, Британската компанија Ендава објави вработување на најмалку 450 информатички инжињери во Скопје, а на листата се и Менсан од Турција, бугарската Филкаб, ИТЕК од Италија, која почна да гради во Тетово, Гришко од Русија кој ја најави втората фаза во Демир Хисар со 200 нови вработувања, Истем медикал од Турција, турските Про лајн и Мач груп и повеќе други, вели Груевски.
Паралелно на инвестиците, потенцира премиерот, остануваме многу посветени и на домашните компании, како во правец да им помогнеме за нивниот развој, така и во правец да ги поврзиме со странските кои доаѓаат, да станат нивни партнери, и преку тоа да заработат и да отворат нови работни места.
Во новогодишното обраќање Груевски се осврнува на посветеноста на сите кои се вклучени во привлекувањето на инвестициите. Тоа, оценува, е силно забревтана машина, добро организирана, со големо искуство, и многу посветена на привлекувањето нови компании кои ќе отворат нови работни места за невработените во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии