| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се и колку чинат елитните проститутки?

seks

Aпсењето на старлетата Мими Оро одново ја отвори дилемата: колку наплаќаат девојките кои се занимаваат со најстариот занает на светот? Еве која е разликата меѓу српските и хрватските елитни проститутки.

Приведувањето на старлетата Милица Живановиќ, позната како Мими Оро и уште неколку други девојки, поради проституција, како и еден маж осомничен дека организирал елитна проституција во Белград, почна да ги одгатнува дилемите за тоа кој сѐ се занимава со „најстариот занает на светот“, како и тоа колку тие девојки наплаќаат за своите услуги.

Наводно, споменатата Мими Оро за секс наплаќала по 150 евра за еден час поминат со клиентот, додека за секој нареден час наплаќала дополнително. Бројни извори наведувале дека се најбарани познатите пејачки, водителки, манекенки и старлети. Токму затоа колку и да звучни смешно и хумористично изјавата на Мими Оро по нејзиното апсење: „Сите би да (се) е..т, а само јас нае..в“, по сѐ изгледа таа е повеќе од реална. Во кругот на проституцијата се вплеткани голем број познати српски естрадни и јавни личности од понежниот пол. Неофицијално, цените за сексуални услуги на елитните ескорт дами во Србија се движат од 500 до 2.000 евра, пренесува српски Телеграф.

А се чини дека истата ситуација се случува и во Загреб, Хрватска. На специјализираниот сајт, happyescorts.com, клиентот може да си одбере и девојка од Хрватска. Како и очекувано, најголемата понуда на ескорт дами е во Загреб.

На сајтот се наоѓаат и фотогалерии на девојките, генерални информации за нив, колку години имаат и од каде се. Покрај тоа, таму има и детали за тоа какви сексуални услуги, односно што сѐ тие може да им пружат на клиентите.

Секако, под секој од  тие податоци има и цена. Во зависност од  „работното искуство“ како ескорт дама, девојките во просек, услугите ги наплаќаат од 200 до 2.000 евра, пренесува Telegraf.rs.

Се работи за тоа што, девојките за еден час со клиентот наплаќаат 200 евра, а износот од 2.000 евра е за 24 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top