САД денеска изразија загриженост поради апсењето и ставањето во домашен притвор на неколку дисиденти на Куба само две недели откако Вашиннгтон најави историски план за нормализација на односите на двете земји.
Длабоко сме загрижени од последните извештаи за притворање и апсење членови на мирољубивото граѓанско движење и на активисти на Куба, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Американската Влада повторно ја обвини Хавана за недоволно почитување на човековите права во однос на слободата на изразување и слободата на собирање.
Силно го осудуваме продолжувањето на гонењето и самоволните апсења од страна на кубанската влада за да ја задуши критиката, да ги спречи мирните собири и слободата на изразување и да ги заплаши граѓаните, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


