Првата актерка што освоила две награди „Оскар“ за најдобра женска улога едно по друго, германската филмска ѕвезда Луиз Рајнер, почина во Лондон во 104. година од животот, соопшти нејзиното семејство.
Рајнер првиот „Оскар“ го добила за улогата во филмот „Големиот Зигфилд“ во 1936 година, а следната година ја освоила златната статуетка и за ролјата во екранизацијата на делото на Перл Бак, „Добра земја“.
Луиз Рајнер е родена во 1910 година во Диселдорф, а детството и младоста ги минала во Хамбург и во Виена, каде што била забележана од еден ловец на таленти од Холивуд.
Таа набргу заминала во САД и станала ѕвезда, но за да се избегне нејзино поврзување со нацистичка Германија, холивудските продуценти ја прикажувале како Австријка.
Но, нејзината кариера по освојувањето на двете статуетки почнала да оди по надолна линија и таа почнала да добива неважни улоги.
– Сѐ се сведуваше само на пари, пари, пари… Сакав да добивам сериозни улоги. Сакав да напредувам, да учам – изјави Рајнер пред четири години во интервју за ДПА по повод нејзиниот стоти роденден.
Во 1938 година се вратила во Европа и поголемиот дел од животот го минала во Швајцарија. По напуштањето на Холивуд имала повремени настапи во театри и во телевизиски серии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст