Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно шест сообраќајни незгоди.
Од нив, три се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои полесни повреди добиле двајца возачи на патничко моторно возило.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која тешки телесни повреди добил еден пешак.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани седум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и девет возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се отстранети 24 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
По повод пречекот на Новата 2015 година, Градот Скопје со почеток во 20 часот организира прослава која ќе се одржи на плоштадот „Пела“. Затворени за сообраќај ќе бидат улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, од крстосницата со улицата „Филип Втори Македонски“ до крстосницата со улицата „Даме Груев“. Со цел безбедно и непречено одвивање на манифестацијата од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.