Познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ откри дека многу сака да ги споделува обврските околу синот со сопругата Јована.
Една од тие слатки обврски е и менувањето на пелените.
– Не сум од оние мажи кои не сакаат да ѝ помогнат на сопругата. Учествувам во менувањето пелени и подготвувањето храна за Коста колку можам и со големо задоволство – рече Јоксимовиќ.
Жељко напомна дека и неговата постара ќерка Мина редовно го гледа брат ѝ, и дека понекогаш дури ѝ го доверуваат на чување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.