| четврток, 6 декември 2018 |

„KАС“ ја одби жалбата на Барселона

Меѓународниот суд за спортска арбитража (КАС) ја одби жалбата на Барселона околу казната на ФИФА која се однесуваше на забрана за каталонскиот тим да прави трансфери во текот на два преодни рока.

ФИФА ја казни Барселона во април, а санкцијата беше потврдена во август и беше изречена поради кршење на правилото за доведување на играчи помлади од 18 години.

Каталонците тогаш вложија жалба и успеаја да издејствуваат дозвола за трансфери во летниот преоден рок, додека случајот не беше конечно решен.

Барселона е казнета и парично со 450 илјади швајцарски франци, но вложи жалба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top