Продолжуваат манипулациите од професорот Ристо Малчески, кој и натаму тврди дека годинава објавил повеќе од 17 научни трудови.
Но, покрај тоа што ниеден од нив не е индексиран на Web of science, како најрелевантната светска база на податоци, како што вчера беше наведено во дел од медиумите, посоченото од него за научен труд, всушност, е зборник од конференција. Станува збор за т.н. „proceedings“ што не подлежи на уредна рецензија, на која пак подлежат научните трудови во реномирани списанија со импакт фактор, туку е спонзорирано од некој издавач. Не станува збор за достапно списание, ниту за научен труд со импакт фактор.
Дополнително, спротивно на волјата на Малчески да го прикаже како труд и како научно дело, документот јасно покажува дека ова излагање на конференција не било поттик ниту за цитирање ниту пак некој професор во светот не се повикал на негова релевантност или на важноста на ова излагање.
Оттаму, тоа што Малчески го вбројува како негов научен труд, не може да се најде во нарелевантната светска база на податоци. А тоа е и причината за неговото спротивставување на реформите во образованието. Поттикот е ист и за другите професори кои сега се против измените во високото образование. Тие не се противат на државниот испит, туку единствено им пречи нарушувањето на нивниот комодитет и обврската да објавуваат трудови, но не онакви како во Врање, Лесковац и Битола, туку во меѓународни реномирани списанија и истите да бидат дел од престижниот Web of science.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


