| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски рекорд – 2 метра снег и минус 31,5 Целзиусов степен

Пред 60 години на 27 јануари е регистрирана најниската температура во Македонија. Во Берово во далечната 1954 година се измерени минус 31,5  Целзиусов степен.

Таа температура е евидентирана како најниска во Македонија од 1925 година наваму.

Највисока снежна покривка во Македонија, пак, е забележана во 2006 година на Попова Шапка со 215 сантиметри.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавија ниска темпертура и за наредните неколку дена. Најстудено утро се очекува в петок кога температурата ќе се спушти до -20 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top