Летонија од 1 јануари следната година го презема од Италија претседавањето со Европската унија, а како свои главни приоритети ги нагласува зголемувањето на конкурентноста и работата на енергетската независност на Европската унија.
Летониската премиерка Лајмдота Страујума на состанокот со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во Рига нагласи дека интензивно ќе работи со земјите-членки и Европскиот парламент, со цел во следните шест месеци да биде донесен закон, кој ќе го зајакне европското стопанство и ќе го поттикне отворањето нови работни места.
– Посебно внимание ќе посветиме на развојот на концептот Енергетска унија и јакнење на енергетската независност и внатрешниот пазар – рече Страујума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


