| четврток, 6 декември 2018 |

Триесетина пациенти со скршеници побарале помош во болниците

ladno-vreme-6

Триесетина пациенти со скршеници од снегот побарале помош во Хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ и градската болница „8-ми септември“. Од вчера попладне до утринава во „Св. Наум Охридски“ имале 13 пациенти со повреди претежно скршеници на подлактици. Имале и хоспитализација на пациент со фрактура на подколеница. И во „8-ми септември“ имале прием на десетина пациенти со скршеници. Лекарите алармираат на внимателно движење особено по најавите на УХМР за температури и до -15 степени што ќе доведе до голомразици.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top