Хрватскиот „Огласник“ направи кратка листа на најдобрите работни задачи низ светот, оние во кои работата, задоволството и одличната плата се едно исто.
Телевизиската компанија „Нетфликс“ (Netflix), чија програма се емитува исклучиво преку интернет, бара човек за категоризирање на нивните дела. Тој ќе има за задача да ги изгледа сите филмови и серии, и да ги смести во соодветната категорија, а на гледачите да им понуди што повеќе информации околу нив. Среќникот што ќе го освои ова работно место, ќе добива поприлично добра сума на пари.
Пред речиси пет години Бен Саутхол од англискиот град Питерсфилд ја доби најдобрата работа во светот. Неговата работа, со која за шест месеци заработи повеќе од 70.000 фунти, беше чување на островот Хамилтон, кој се наоѓа на Големиот корален гребен кај Австралија.
Луксузната туристичката агенција „VeryFirstTo“ овој март објави оглас за работник кој ќе помине една година патувајќи низ светот, посетувајќи некои од најпознатите ексклузивни дестинации во светот. Буџетот за една година патување беше 600,000 фунти (околу767 илјади евра), а една од дестинациите е приватниот остров на милијардерот Ричард Бренсон на Карибите.
Ендрју Смит го доби работното место – главен забавувачи во Нов Јужен Велс во Австралија. Неговата работа е забавување и пронаоѓање на нови интерактивни начини да се помине времето во оваа област.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


