| четврток, 6 декември 2018 |

Михајловиќ: Финалето на ТЛЗП е наместено

Српската пејачка Марија Михајловиќ, која последните неколку месеци како жири и вокален тренер на натпреварувачите беше дел од „Твоето лице звучи познато“, не присуствуваше на финалето на шоуто синоќа. Ова е резултат од неколкунеделните преписки меѓу неа и продукцијата на шоуто. Имено, Михајловиќ јавно го искажа своето незадоволство за, според неа, постојаното фаворизирање на кандидатот Бане Мојичевиќ.

На вчерашното финале Михајловиќ не се појави на судиското столче, а според гласовите на пубиката победи токму Мојичевиќ.

Својот став Михајловиќ го искажа преку отворено писмо до медиумите и публиката на „Фејсбук“.

– Јас не сакам да бидам дел од тоа ниту сакам да учествувам во тоа. Се трудев максимално професионално да ја работам својата работа со целосна одговорност, желба и намера од секој натпреварувач да го извлечам најдоброто и на секој од нив да му дадам еднакво внимание. И да имав фаворит тоа, секако, немаше јавно да го кажам.

Ако треба да избирам меѓу опцијата да бидам некој што слепо и беспоговорно извршува нечии наредби или професионалец и одговорен човек, тогаш секогаш ќе го изберам  ова второто, свесна на сите можни последници. Ете ви го финалето, а јас одам…

1

2 3 4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top