| четврток, 6 декември 2018 |

Иво Јосиповиќ и Грабар Китаровиќ во вториот круг претседателски избори во Хрватска

ivo josipovikАктуелниот претседател на Хрватска Иво Јосиповиќ е победник во првиот круг на претседателските избори. Јосиповиќ, синоќа по објавувањето на резултатите соопшти дека до 11 јануари, кога ќе биде вториот круг избори, ќе ги увери гласачите дека неговата програма е пат за излез од кризата и за јакнење на Хрватска.

– Победивме во првиот круг, ќе победиме и во вториот, порача Јосиповиќ во обраќањето до јавноста.

Тој нагјаси дека неговата програма нуди поинаква Хрватска со повеќе демократија, човекови права, толеранција, како и економија на 21 век.

– Мото на мојата политика е правда во која на политичката сцена нема место за оние кои ја ограбија државата, нема место за оние кои го измамија народот и нема место за политиките кои спроведуваат корупција, се китат со туѓи перја и кои ја уништуваат егзистенцијата на нашите луѓе, нагласи Јосиповиќ.

Кандидатката на ХДЗ Колина Грабар Китаровиќ која исто така влезе во вториот круг на изборите, оцени дека граѓаните на вчерашното гласање покажале желба за промена.

– Сакаме власт која ќе биде храбра, одлучна, во интерес на татковината, која верува во својот народ и држава, која ќе не води напред, а не во пропаст, изјави кандидатката на ХДЗ. Таа порача дека на Хрватска и недостасува водство кое има визија и идеи. Изразила уверување дека ќе победи во вториот круг.

Јосиповиќ и КИтаровиќ ќе ги одмерат силите во вториот круг кој ќе  биде многу неизвесен судејќи по минималната разлика од вчерашното гласање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top