| четврток, 6 декември 2018 |

Се запали уште еден Бугарин

samozapaluvanje-652Еден 51-годишен Бугарин се самозапали денеска пред зградата на претседателството во Софија. Тоа е четврто самозапалување во знак на протест во последниот месец.

Човекот, чиј идентитет не е откриен, се полеал со бензин и се запалил, а полицијците успеале да го изгаснат пламенот, кој му ги зафатил рацете и главата.

Неговата здравствена состојба е критична бидејќи се здоби со изгореници на 25 проценти од површината на телото.

Три лица починаа откако се самозапалија во текот на минатомесечниот бран протести поради сиромаштијата и корупцијата во најсиромашната земја-членка на Европската унија.

Бугарската влада под притисок на демонстрантите поднесе оставка на 20 февруари и до изборите, закажани на 12 мај, со земјата раководи технократски кабинет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top