Во 2015 година се планираат вработувања на 250 професионални војници во Армијата на Република Македонија, најави премиерот Никола Груевски.
– Тоа ќе се направи во два наврата, првиот ќе биде во март – април, а конкурсот ќе излезе во јануари и првата половина ќе биде за 125 војници. Додека втората половина конкурсот ќе излезе некаде април – мај, а нивното примање ќе се комплетира во октомври-ноември исто така за 125 војници или вкупно 250 професионални војници ќе бидат ангажирани дополнително во Армијата на Република Македонија. Со тоа ќе се даде можност на многу граѓани кои чувстуваат дека имаат добри предиспозиции, дека сакаат да ја работат таа работа и дека можат да ја работат, да се пријават на овој конкурст, да си обезбедат работно место, а исто така и да ги зајакнат капацитетите на АРМ – рече премиерот Груевски по промоцијата на нови дела од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја, психологија со психоанализа“ одговарајќи на новинарско прашање.
Тој додаде дека ова се прави откако претходно, Владата го реши и статусот на оние професионални војници на кои им беше завршен договорот на 35, односно 38 години и кои со тоа беа излезени од Армијата.
– Пред изборите дадовме ветување дека тие луѓе ќе бидат вработени до крајот на оваа година и таа операција е комплетирана. Уште за еден или двајца деновиве треба да се заврши така што и тој проект го затворивме – рече премиерот Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти
-
Среде кампања за референдум фрштат огласи за работа во администрација
-
Се укинуваат автобуски линии, a војниците сами се снаоѓаат за превоз