Турски трговски брод денеска потона во северниот дел на Јадранско Море, во близина на пристаништето Равена, откако заради бурното море удри во друг брод, соопшти Танјуг, повикувајќи се на италијанските медиуми.
На местото на инцидентот се наоѓаат бродови на италијанската крајбрежна стража.
Членовите на екипажот на потонатиот брод се водат за исчезнати.
Италијанскиот премиер Матео Ренци на Твитер потврди дека имало инцидент и дека наскоро ќе следи дополнителна информација.
Инцидентот се случи во време кога Италија вложува напори да ја координира евакуацијата на стотиците патници и членови на екипажот од фериботот „Норман Атлантик“, во кој изби пожар во водите на Јадранско Море крај грчкиот остров Крф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.