Актуелниот европски првак во автомобилизам, Игор Стефановски Иџе е избран за најдобар спортист на Македонија за 2014 година, кај дамите спортскиот оскар и припадна на Наташа Андонова, која игра фудбал за германскиот клуб Постдам, а најдобар македонски спортски репрезент во странство е ракометарот на Барселона, Кирил Лазаров.
„Им благодарам на сите што токму мене ме избраа за спортист на годината. Ова признание ми значи многу, особено што ми е доделено во Македонија. Се надевам дека ќе се радуваме на многу спортски успеси и во иднина, а јас ветувам дека ќе се потрудам повторно да бидам најдобар во Европа“ изјави Стефановски на свечената церемонија во организација на Агенцијата за млади и спорт.
Еве ја к0мплетната листа на сите наградени во 2014 година:
Спортист на годината: Игор Стефановски Иџе (автомобилизам)
Спортистка на годината: Наташа Андонова (фудбал)
Најдобар македонски спортист во странство: Кирил Лазаров (ракомет)
Најдобра федерација: Ракометна федерација на Македонија
Најдобар тренер: Жарко Ристовски (селектор на одбојкарската репрезентација на Македонија)
Најдобар машки состав: Ракометната репрезентација на Македонија
Најдобар женски состав: Карате селекцијата на Македонија
Најдобар спортист со инвалидитет: Оливера Биковска Накова (стрелаштво)
Најдобар млад спортист: Берат Јакупи (карате)
Најдобар млада спортистка: Поликсенија Јовановска (карате)
Награди за посебен придонес во спортот: Томи Стефановски (пливање), Индира Кастратовиќ (ракомет), Лино Червар (ракомет)
Истакнати личности и стопанственици со особен придонес во спортот: Минчо Јорданов (Металург) и Сергеј Самсоненко (Вардар)
Универзитетски спорт: Карате репрезентацијата на Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



