| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје украдени 34.000 евра

Непознати крадци од куќе во скопската населба Визбегово денеска украле 28.000 евра и злато во вредност од шест илјади евра.

Сопствениците на објектот каде што биле чувани парите и накитот не биле дома  за време на кражбата а откако се вратиле и забележале дека некој провалил и им ги украл парите и златото ја информирале полицијата, која вечерва врши увид на местото на кражбата.

Пред два дена во Куманово се случи слична кражба во која крадците однесле плен вреден над 100.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top