| четврток, 6 декември 2018 |

Пет медиуми казнети поради пречекорување со реклами

sovet-za-radiodifuzija_02

Пет електронски медиуми се казнети поради тоа што објавувале реклами надвор од дозволеното, одлучил Советот за радиодифузија на денешната седница, која сè уште официјално не е завршена.

Советот ќе се огласи попладнево со соопштение за казните. Неофицијално се вели дека, во просек, медиумите емитувале 10 минути повеќе реклами од законски дозволеното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top