| четврток, 6 декември 2018 |

Русија во 2015 година ќе ѝ испорачува гас на Ерменија со бесцарински режим

Руската влада одобри протокол на руско­-ерменскиот договор за соработка, што предвидува во текот на 2015 година бесцарински режим на испораките на руски природен гас, нафта и дијаманти за Ерменија, јави ТАСС.

Протоколот кон договорот предвидува Русија да ѝ испорачува на Ерменија нафтени деривати, природен гас и дијаманти во количини кои ќе бидат неопходни за внатрешните потреби на Ерменија и врз кои нема да се наложуваат извозни царини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top