Имено, добро познато е дека првичните сигнали кои што укажуваат на тоа дека еден човек доживува инфаркт е започнувањето на неправилно отчукување на срцето, а најчесто, пациентот има само десет секунди пред да ја изгуби свеста.
Сепак, она што секој од нас треба да го знае е фактот дека постои начин на кој пациентите може да се обидат самите себе си да се спасат од инфарктот – да започнат силно и зачестено да кашлаат во моментот кога ќе помислат дека доживуваат инфаркт.
Важно е пред секое закашлување и длабоко да се вдиши, а кашлањето треба да биде длабоко и долго, како нешто да треба да се исфрли, да се искашла од организмот, пишува интернет порталот „Сорс.ба”.
Вдишувањето и кашлањето треба да се повторуваат на секои две секунди, без откажување, се додека не пристигне помошта или додека пациентот не почувствува дека работата на неговото срце се стабилизирала и тоа почнало нормално да отчукува.
Имено, длабокото вдишување ги снабдува белите дробови со кислород, додека пак кашлањето го притиска и „масира” срцето, одржувајќи ја на тој начин циркулацијата на крвта. Исто така, пациентите може да си помогнат себе си и доколку се во можност со рацете да го притискаат пределот околу срцето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.