Годината на заминување во ЕУ ја одбележаа избори и промена на челните места на нејзините институции, а со новите луѓе во 2015 година Унијата ја продолжува борбата против жилавата економска криза, дефлацијата и невработеноста.
Кон крајот на мај оваа година во 28 земји членки се одржани европски избори на кои се избрани 751 пратеници на Европскиот парламент. Изборите ги одбележа голем протест на евроскептичните и еврофобичните партии, што е знак дека европскиот проект ја губи привлечноста, бидејќи за сега не даде одговор на кризата од која европското стопанство тешко зајакнува.
Во Франција така антиевропската и крајно десната партија Национален фронт на Марин Ле Пен извојува своја прва победа на националните избори освојувајќи 25 отсто гласови. Во Велика Британија евроскептичната УКИП освои 27,5 отсто гласови, повеќе од владејачките конзервативци (24 отсто) и опозициските лабуристи (25,4 отсто).
Во уште некои земји забележан е раст на десните и левите популисти, противници на ЕУ, но во целина изборите добија етаблирани проевропски партии.
Голема новост
Изборите донесоа една голема новост која во иднина треба да стане стандардна пракса, иако и понатаму има многу аргументирани приговори против тоа. Големите европски партиски групации успеаја да ја избуткаат идејата секоја од партиите да излезе со свој кандидат за претседател на Европската комисија, а кандидатот на таа партија која би добила најмногу гласови да стане претседател.
Јункер ја води Европската комисија, Туск Европскиот совет
Тоа отвори пат на поранешниот долгогодишен луксембуршки премиер Жан-Клод Јункер, кој беше кандидат на Европската народна партија, релеватна победничка на европските избори, а на крајот стана претседател на Комисијата.
Тоа не помина без отпор и поради тоа именување се откажаа дури и од вообичаениот консензус меѓу шефовите на државите и владите, кои го именуваат претседателот на Комисијата. На изборот на Јункер беше против британскиот премиер Дејвид Камерон, но тои и претседателот на унгарската влада Виктор Орбан, кој му се придружи, останаа осамени. Откако и Европскиот парламент на 15 јули го потврди именувањето на Јункер, на вонредниот самит на 30 август избрани се наследниците на Херман Ван Ромпуј на место претседател на Европскиот совет и Катерина Ештон на местото висока претставничка за надворешна и безбедносна политика. За првата должност е избран дотогашниот премиер Доналд Туск, а за второто италијанската министерка Федерика Могерини.
Во меѓувреме Јункер во договор со земјите членки состави свој тим во комисијата, кои мораа да поминат сослушување пред надлежните органи на Европскиот парламент.
Комисијата доби конечна потврда од Европскиот парламент на пленарна седница на 22 октомври, а должноста ја презема на 1 декември.
Инвестициски план
Новиот претседател на Комисијата Жан-Клод Јункер најави амбициозен инвестициски план тежок 300 милијарди евра, за да се покрене европското стопанство кое стагнира. Тој истакна дека на Европа и треба реиндустријализација, т.е. индустријата повторно да дава најмалку 20 отсто од европскиот БДП.
– Време е да внесеме нов живот на европскиот проект во момент кога граѓаните губат доверба, кога екстремистите од лево и десно ни дишат во врат, а нашите конкуренти не надминуваат. Не чекаат големи предизвици, а на нас е да ги обликуваме. Ако сакаме да играме улога во иднината, мора да ја играме сега. На нас е да обезбедиме европскиот социјален модел да биде видлив од секој наш потег, бидејќи Европа е заедички штит за сите тие кои имаат среќа да припаѓаат на овој прекрасен континент – рече Јункер во Европскиот парламент откако беше изгласана новата Комисија.
Кон крајот на декември Јункер го претстави својот инвестициски план, кој не предвидува свежи пари, туку со помош на постоечките средства во буџетот на ЕУ и со придонес на Европските инвестициски банки настојува да привлече приватни инвестиции во висина од 315 милијарди евра. Планот почнува на три основни точки: мобилизирање на средствата за инвестиции без зголемување на јавните долгови; насочување на инвестициите на проекти во клучни подрачја како инфраструктурата, образованиеток, истражувањето и иновациите; отстранување на пречките за инвестирање во некои сектори.
Планот предвидува воспоставување на нов Европски фонд за стратешки инвестиции внатре во Европските инвестициски банки. Тој фонд ќе располага со 21 милијарда евра почетен капитал, од кои 16 милијарди евра гаранција за пренамена на внатре постоечкиот буџет на ЕУ, а 5 милијарди ќе ги ангажира ЕИБ.
Планот на Јункер доби политички благослов од Европскиот совет на 18 декември, кој од Комисијата побара веќе во февруари да подготви предлог за воспоставување на Европски фонд за стратешки инвестиции ЕФСИ, да можат да се покренат новите инвестиции кон средина на идната година.
Малку детали и многу дилеми
За сега инвестицискиот план не е дочекан со голем ентузијазам. Нема многу познати детали и постојат многу дилеми. Донесувањето на потребните законски акти за негово спроведување ќе биде една од главните преокупации во европските институции во првата половина на идната година.
Идната година се очекува дека големо внимание во европската јавност ќе предизвикаат преговорите со САД за склучување на Трансатланско трговско и инвестициско партнерство ТТИП, преговори кои треба да бидат готови до крајот на годината, а кои предизвикуваат многу контроверзи. Предизвик за Унијата ќе биде и да се зачува единството во однос кон Русија поради нејзината улога во дестабилизацијата на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.