Некои женски ситници можат да предизвикаат нервоза и несигурност кај момчето. Најчесто мажите не се чувствуваат пријатно кога ќе видат слики од поранешното момче, литература за самопомош, женски ситници, кадифени играчки и таблоиди.
Поранешното момче е поранешно и негови слики не треба да има во дневната соба или на вашиот мобилен телефон или компјутер. Неговите слики треба да се отстранат од впечатливите места.
Момчињата се чувствуваат непријатно кога кај својата девојка ќе видат книги за самопомош или збирка совети како експресно да се омажите или да го задржите момчето. Таквите книги треба да бидат скриени во фиока.
Тампони, влошки и други предмети наменети за жени мажите не сакаат и не треба да ги видат. Поради тие предмети, тие се чувствуваат непријатно. На мечето со кое сте играле како девојче или куклата не им е местото во спалната соба, барем не кога момчето ќе го поканите во својот дом. Играчките можат да испрата порака дека очајно барате некој што ќе се грижи за вас.
Таблоидите се добри за убивање на време, но не мора да ги носите со себе на кафе или на романтична вечера. Би можел да помисли дека сте површни или несериозни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


