Нашата претставничка Елена Ристевка, црногорската Катарина Богичевиќ, српските актери Јелена Гавриловиќ и Ненад Окановиќ и српскиот пејач Бане Моичевиќ се петтемина натпреварувачи кои се изборија за пласаманот во финалето на музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“ кое во живо ќе се одржи в недела. Победникот на шоуто ќе освои 25.000 евра, кои ќе треба да ги додели во хуманитарни цели.
Од извори блиски на продукцијата „Вистина“ пред финалето ги откри имитациите во кои ќе се појават натпреварувачите.
Јелена ќе биде Мајли Сајрус и ќе настапи со „Wrecking ball“.
Бане ќе се најде во улогата на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон изведувајќи ја песната „Earth song“.
Оки ќе пее „Жени нам се Вукота“ на групата „Забрањено пушење“.
На Катарина ќе ѝ се оставри желбата да стане принцеза, па на сцената ќе настапи со нумера од бајката „Пепелашка“.
Елена, пак, ќе ја имитира светската ѕвезда Бијонсе и ќе ја изведе „End of time“.
Кој ќе биде победниот на втората сезона зависи исклучиво од гласовите на гледачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


