
Од почетокот на сезоната досега има над 1.600 заразени од грип. Само во последната недела до Институт за јавно здравје (ИЈЗ) биле пријавени 343 случаи. Најмногу ги има во Тетово, Скопје, Куманово и Прилеп. Засега нема поголемо отсуство на ученици.
Епидемиолозите очекуваат повеќе клупи да останат празни по училишниот распуст. На Инфективна има неколку пациенти со респираторни заболувања кои се сместени на Интензивна нега. Но кај нив не е потврденои присуството на ирусот.
-Бројката се зголемува. Значи имаме повеќе заболени, и затоа препораките се особено до ризичните пациенти да внимаваат каде одат, да не се одат на места каде имка многу концентрација на народ, вели Јованка Костовска од МЗ.
Лекот тамифлу е поделен до сите здравствени домови и болници. Бесплатно го добиваат пациенти со потешка клиничка слика, хронично болни, трудници и мали деца со намален имунитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


