Силна снежна бура предизвика денеска хаос во рускиот главен град Москва. Властите соопштија дека 10.000 возила за расчистување на снег се на улиците.
Од аеродромите во реонот на Москва одложени се околу 150 летови додека десетици авиони не можеа да слетаат и беа пренасочувани на други аеродроми.
В петок се очекува температура до минус 10 степени Целзиусови, а снежната покривка да се зголеми за уште 10 сантиметри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




