Фотографот на „Република“, Ѓорги Личовски е избран меѓу десетте најистакнати личности во Македонија во 2014 година. Дневниот весник „Нова Македонија“ го смести меѓу најистакнатите луѓе од општествениот и јавниот живот што во текот на годината што изминува дале особен придонес за афирмација на Република Македонија.
Личовски, вработен во „Република“, а со години работи за Европската прес-агенција (ЕПА), ги направи едни од најуспешните фотографии во светот, како шт беше, на пример, голот на Андрес Иниеста, во финалето на СП 2010 година. Тогаш неговата фотографија се појави на насловните страници на најголемите светски медиуми. Тој е фотографот што го сликаше првиот гол на македонската фудбалска репрезентација, оној на Зоран Бошковски во 1993 година во Крањ.
Личовски, кој своите почетоци ги имал токму во „Нова Македонија“, каде што Живко Јаневски го научил сѐ што денес знае, вели дека имал среќа во кариерата, се погодиле некои работи и не сакајќи бил сведок и оковечил многу случки од поновата македонска историја.
– И не само од македонската, туку и од европската, па и од светската фудбалска историја. Имав среќа што почнав да соработувам со Германците, специјално за спорт. ЕПА ме испраќа на сите најголеми светски спортски натпревари, со нагласок на фудбал, ракомет и кошарка. Годинава дури работев и ЕП во гимнастика, првпат во кариерата. Летово бев и во Бразил, на СП во фудбал, што ми беше животен сон, да ги помирисам Јужна Америка и Бразил. На тоа сум посебно горд. Малку бев разочаран, очекував многу повеќе, но тоа е небезбедна земја со многу сиромаштија и бевме како во затвор. Сепак, бев во Бразил, видов многу и фотографирав врвни играчи и селекции – вели Личовски, овогодинешниот добитник на наградата „Жан Моне“.
Тој неодамна се врати од ЕП во ракомет за жени, а во јануари заминува на СП во ракомет за мажи во Катар.
– Многу сум ѝ благодарен на „Република“, каде што сум постојано вработен, за тоа што ми излегува во пресрет секогаш и ми дозволува да патувам на овие големи спортски натпревари. Имаат разбирање за мојата желба за докажување, го разбираат тоа и ми дозволуваат да патувам – вели Личовски во разговор за „Нова Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст