Гардијан – Лондон
Годината која што завршува беше година на жената, пишува Гардијан. Во текот на 2014 година светот се занимаваше со малтретирање на жените на улиците (дофрлување), даваше големи феминистички изјави, водеше и добиваше борби за правата на жените.
Британскиот весник состави листа на маркери кои се пробиени во текот на 2014 година.
Малала Јусафзаи е добитничка на Нобелова награда за мир и на 17 годишна возраст е најмлада добитничка на оваа награда до сега. Киднаперот на 300 девојки од училиштето во Нигерија го обедини светот во протестите. Во Нигерија од 30 април активистите секој ден се собираат во знак на протест поради киднапирањето на девојкител. Многу познати личности преку социјалните мрежи и хаштагот #BringBackOut Girls се вклучија во кампањата.
Протестите во САД поради убиството на невооружениот црнец, а пред се Маршот на милиони луѓе во Њујорк го организираа младите жени Умара Елиот и Шинејд Николс.
Бијонсе застана пред огромен знак – феминистка, на доделувањето на видео музички награди ВМА и така инспирираше многумина. Ема Вотсон одржа инспиративен говор во ОН, а потоа медиумите речиси секоја позната жена оваа година ја испитуваа за нејзиниот став за феминизмот.
Иранската математичарка Марјам Мирзахани стана прва жена добитник на Филдсов медал за математика, професорката и научник Моника Грејди славеше со другите од мисијата Розета за слетувањето на Филе на комета, 10 години по лансирањето. Во Нигерија, докторката Стела Амејо Ададевох со својот тим го спречи ширењето на ебола во земјата, а самата умре од вирусот.
Во септември, Индија испрати сателит Мангалајн во орбитата на Марс и така стана четврта земја на која тоа и успеа. Фотографијата со која е снимана прославата во контролната соба го обиколи светот со молневита брзина; на неа во прв план стојат шест жени во живописни сари како се смеат и се прегрнуваат.
Телевизијата понуди цела плејада на женски ликови, посебно британската. Од Меги Џиленхал во The Honurable Woman, до Оливија Попу. Преку барата на Шонда Рајмс доминираше во американската телевизија. Ѕвездата од серијата Црно повеќе не е во мода, Лаврен Кокс стана прва трансродна ѕвезда номинирана за Еми и која се појави на насловната страна на Тајм.
Околу филмот, Никол Перлман влезе во историјата како косценарист на филмот Чувари на галаксијата, кој е еден од филмовите со најголема заработ до сега. Таа во историјата влезе како прва жена сценарист на некој Марвелов филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст