Зимскиот преоден рок почнува официјално во јануари, а македонските клубови веќе почнаа да ангажираат нови фудбалери или се на прагот на ангажман на засилувања за продолжението на домашното првенство.
Интересен тренд што ги обележува зимските денови е враќањето на „отпишаните“, односно на македонски фудбалери кои не успеале да се наметнат во странските клубови каде што досега настапувале.
Вардар веќе го ангажираше Дејан Блажевски, играч што имаше неуспешна 6-месечна авантура во Азербејџан во редовите на Хазар Ланкаран, екипа што во еден период ја предводеше поранешниот македонски селектор Џон Тошак.
На прагот на враќање во македонскиот фудбал е и репрезентативниот голман Томе Пачовски, кој веројатно ќе потпише договор со Вардар. Пачовски не беше стандарден во белгиски Мехелен во последниот период и почесто ја грееше клупата отколку што бранеше во Јупилер лигата.
Вардар е заинтересиран и за Стефан Спировски, играч кој сѐ уште е член на Берое од Бугарија. Таму играчот од средниот рок ретко настапуваше како стартер, па веројатно ќе се врати во македонскиот фудбал или во Вардар или во Пелистер.
Се најавува и враќање на Кристијан Наумовски, голманот што има и репрезентативен статус во нашата селекција, но не бранеше за романскиот Динамо Букурешт, ниту потоа во бугарскиот клуб Левски. За него е заинтересиран Металург, а според најавите Наумовски би бранел за тимот од Автокоманда во следните 6 месеци, до нов ангажман во странство.
Неофицијално во редовите на актуелниот освојувач на двојната круна Работнички ќе се врати голгетерот Баже Илиоски. И тој има неколку настапи за македонската репрезентација, но испадна вишок во редовите на тајландскиот клуб Бангкок Глас поради намалувањето на бројот на странци во тајландскиот фудбал.
Трендот на враќање на „отпишаните“ е очигледен, сигурно ќе донесат бенефит за клубовите во домашното првенство, а потоа најчесто повторно фаќаат правец во странство.
Досега и нивниот продолжен престој во македонскиот фудбал не им донесе корист на клубовите на европската сцена, а останува проклетството на нашите екипи во еврокуповите и сонот барем еден клуб да настапи во фазата по групи во Лигата на шампионите или во Лигата на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



