Рускиот претседател Владимир Путин е на чело на годишната листа на агенцијата Франс прес за највлијателните личности во 2014 година.
Со украинскиот конфликт и анексијата на Крим, односите меѓу Истокот и Западот поминуваат низ најтешката криза во изминатиот четвртина век. Путин, кој досега беше тежок сојузник на западните земји, денес е централна фигура на конфронтацијата Исток-Запад која во секој момент може да прерасне во нова Студена војна, забележува агенцијата.
2014 година беше обележана со зголемување на насилството во светот. Доказ за ова е тоа што на второто место на оваа листа се најде лидерот на терористичката група Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, кој е Ирачанин роден во 1971 година. Неговата група зазеде големи делови од територијата на Ирак и Сирија, а Ал Багдади таму прогласи калифат. Коалицијата формирана од САД започна со напади врз позициите на ИД.
На третото место на листата се околу 300 ученички од гимназијата во нигерискиот град Чибок кои во април беа киднапирани од исламистичката група Боко Харам. Овој настан го потресе целиот свет и на социјалните мрежи беа организирани кампањи за нивно ослободување. До денес во рацете на Боко Харам се наоѓаат 219 ученички и нема изгледи за нивно ослободување.
На четврто место се наоѓа папата Франциск кој воведе нов стил во управувањето со Римокатоличката црква, ревносно ги штитеше христијаните на Блискиот Исток и ги повика муслиманските лидери и интелектуалци да го осудат насилството на џихадистите.
Добитничката на Нобеловата награда за мир, пакистанката Малала Јусафзаи е на петото место. Неодамна 17-годишната Малала, која е досега најмладата лауреатка на Нобеловата награда, ја прими наградата на церемонијата во Осло и вети дека ќе ја продолжи борбата за отварање повеќе училишта за децата во светот.
На листата се наоѓаат и 18-годишниот Џошуа Вонг, еден од лидерите на протестите во Хонг Конг, и Дајан и Џон Фоули, родителите на американскиот новинар Џејмс Фоули, кој во август беше обезглавен од екстремистите од групата Исламска држава во Сирија; потоа, познатиот параолимписки атлетичар Оскар Писториус, кој беше обвинет и осуден за време на долгиот судски процес следен од милиони луѓе во целиот свет за убиство на неговата девојка ноќта на празникот на вљубените, во 2013 година, како и Томас Пикети, автор на книгата „Капиталот на 21 век“ која се продаде во стотици милиони примероци; и поранешниот професор по англиски јазик, 50-годишниот Џек Ма, шеф на кинескиот интернет гигант „Алибаба“, кој денес е најбогатиот Кинез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Не може секој да оди покрај него: Асад тргна заедно со Путин, но не стигна далеку (видео)
-
Кој е господин Адамов: Факти за Владимир Путин кои ретко кој ги знае
-
Средба Ердоган – Путин: Односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени



