| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: 1.000 вработувања во „Костал“, компанијата ќе учествува во извозот со 170 милиони евра

Премиерот Никола Груевски во денешното гостување во вестите на „Канал 5“ истакна дека новата германска компанија „Костал“, која одлучи да инвестира во слободната зона Охрид-Струга, ќе има учество во извозот со 170 милиони евра годишно кога инвестиција ќе се комплетизира. Во првите три-четири години учеството во извозот ќе изнесува 60 милиони евра.

-Компанијата во првите три-четири години планира 450 вработувања, а со комплетизацијата директно ќе се вработат 1.000 лица. Во првите години инвестицијата на компанијата е 35 милиони евра, а при целосното завршување за околу 6 години инвестицијата на германската компанија ќе изнесува 70 милиони евра, посочи Груевски.

Тој нагласи дека е добро тоа што компанија која произведува електронски делови за автомобилската индустрија, се одлучила да инвестира токму во овој регион, бидејќи ќе се отворат голем број нови работнии места што ќе придонесе за намалување на бројот на невработеноста.

„Костал“ ќе започне со бранфилд инвестиција, а потоа ќе започнат да ја градат својата фабрика.

Премиерот оваа инвестиција ја најави уште во март месец на митингот во Струга, каде пред граѓаните изјави дека германска компанија ги информирала дека донела интерна одлука за инвестирање, но името поради деловна етика, не можеше да се соопшти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top