| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ со честитка до Католиците – Празничните денови нека донесат Божји благослов во вашите срца

Politika82-sdsm-1

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, по повод Бадник и големиот празник Рожденство Христово Божик, упати честитка до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.

 „До Вас лично и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, упатувам срдечни честитки за денешниот голем ден Бадник и за утрешниот големиот христијански празник Рожденство Христово Божик.  Ви посакувам добро здравје, благосостојба и мирен духовен живот. Празничните денови нека донесат Божји благослов во вашите срца, во домовите и во вашите семејства. Во годината што претстои уште посилно и уште подлабоко да ги негуваме човековите вредности, почитта, толеранцијата, меѓусебното разбирање, како еден од важните предуслови за спокоен живот на сите граѓани во Република Македонија.  Божикните и новогодишните празници нека ја поттикнат вербата, љубовта, надежта, определбата кон подобро утре“ – стои во честитката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top