Израелската армија соопшти дека извршила напад, со тенковски оган и воздушен удар по позиции во Газа, откако нејзините војници биле нападнати од палестинските снајперисти, додека патролирале на израелската страна од границата. Тоа е итна реакција, како одговор на палестинската стрелба денес, соопштува АП. Исламската вооружена група „Хамас“, која управува со Газа, рече дека еден од нејзините членови е убиен. Тие не ја коментирале снајперската стрелба.
Жителите на Газа велат дека слушнале звук од експлозии и пукање, која траел половина час. Летото, Израел и „Хамас“ водеа 50 дневна борба. Во петокот бунтовниците во Газа лансираа ракета врз Израел, а тој од своја страна одговори со воздушен удар на следниот ден. Тоа е првиот воздушен напад од крајот на војната ова лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.