| четврток, 6 декември 2018 |

Албанец-џихадист загинал во Сирија

alepo syriaСе зголемува бројот на убиени Албанци од Балканот на боиштата во Сирија, кои се борат на страната на џихадиситчката група Исламската држава. Деновиве е убиен уште еден албански државјанин, кој на боиштата во Сирија заминал пред една година, а подоцна ги земал и сопругата и трите малолетни деца.

Блиските на загинатиот, кој потекнува од регионот на Краба, веста за неговата смрт ја добиле телефонски од негов соборец, кој им рекол дека тој загинал како „шехид“, погоден од снајпер во главата, додека управувал возило за време на борбени дејствија. Братот на убиениот побарал од албанските власти да помогнат во враќањето на неговата сопруга и децата. Во многу кусиот разговор со снаата, таа му рекла дека не сака да се врати во Албанија, но деверот е убеден дека тоа го кажала под закана.

Ова не е прв случај на убиен Албанец од Балканот, чие семејство и по неговата смрт останува во Сирија. Деновиве беше потврдена смртта и на жител на селото Инџиково.

Според последните проценки, на боиштата во Сирија и Ирак се борат повеќе од 500 Албанци од регионов. Најмногу од нив се од Косово, околу 300, па од Албанија – околу 150, додека преостантите се од Македонија и мал број од јужниот дел на Србија. Досега е потврдена смртта на повеќе од 50 Албанци од регионот, при што најбројни се Косовците со над 20 жртви, по 13 се од Македонија и Албанија и еден е од Бујановац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top