| четврток, 6 декември 2018 |

Курдските борци „исчистиле“ 3.000 квадратни километри од џихадистите

Kurdish Peshmerga soldiers parade duringКурдските борци ослободија 3.000 километри квадратни ирачка територија од џихадистичката група Исламска држава , изјави претседателот на ирачки Курдистан, Масуд Барзани.

– Во последните денови силите на Пешмерга ослободија од ИД 3.000 километри квадратни, изјави Барзани на заедничката прес-конференција во Ербил со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Берзани ја потенцира и улогата на Турција, која според него „од самиот почеток помага и им дозволи пристап на курдските борци до Кобане“. Могерини изрази задоволство од постигнатите воени успеси.

– Напредокот им дава надеж на граѓаните и оваа победа ќе обезбеди оптимални психолошки услови за настраданите, додаде шефицата на европската дипломатија.

Могерини нагласи дека ИД претставува закана за безбедноста не само за Ирак, туку и за целиот свет, потврдувајќи ја поддршката на ЕУ за ирачки Курдистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top