| четврток, 6 декември 2018 |

Што ги збеснува различните хороскопски знаци

00038205

Животот е полн со комплексни ситуации, но сте размислувале ли како и на која од нив реагираат одделни луѓе? Да ги разгледаме претставниците на секој хороскопски знак. Постојат ситуации и случки кои како ништо можат да ги доведат до нервен слом.

Овен – тој едноставно не може да чека! Се збудалува, додека не си го добие нештото или одговорот.

Бик – преместувањето за него е кошмар. Пакување, распакување, нова атмосфера, нови ѕидови … сето тоа му ги напнува нервите.

Близнаци – распоред и пекол, сѐ едно исто за Близнаците. Близнакот не трпи режими, точност, распоред и рутина. Буквално му се згадува кога секој ден во исто време му се наметнува да прави нешто.

Рак – она што ги урива емоционално е разделбата. Точно дека за никого не е пријатно да го изгуби интимниот партнер, но кај Ракот тоа е како ситуација опасна по живот. Соземањето за него е исклучително тешко.

Лав – ако не биде по негово, од нежно и мило маче, станува жеден ѕвер, а потоа депресивен ѕвер. Лавовите се склони кон големи драми, ако работите не се случуваат како што тие сакаат.

Девица – стави ја во безредие и таа ќе полуди. Лошото домаќинство ја претвора Девицата во топка од нерви. Дури понекогаш и самата не разбира зошто се чувствува така. Валкани чинии, облека по подот, ненаместени кревети … тоа секогаш ја попречува емоционалната стабилност на Девицата.

Вага – конфликтот е нешто што може да ја доведе Вагата до нервен слом. Тие не сакаат и не опстануваат во таква атмосфера. Дури и по конфликтот, долго време се чувствуваат исцрпени и немоќни.

Шкорпија – ако неверството го повредува длабоко секој од нас, тоа кај Шкорпија е највисока форма на предавство. Потребни и се години за да ја надмине, а дури некогаш и не успева. Склона е кон депресии и станува навистина многу лабилна.

Стрелец – ако нешто може да ги напне нервите на Стрелецот, тоа  е, ништо да не се случува. За него застојот е стапица.

Јарец – оваа силна личност може да пропадне ако биде отпуштена. Кај Јарецот стремежот да се искачува кон врвот е вроден. Ако се случи да биде отпуштен, Јарецот паѓа многу, многу лошо.

Водолија – повеќето од нас се свесни дека животот е неправеден уште во најрана возраст. Водолијата, сепак, категорично одбива да го прифати ова. Тој се вознемирува секогаш, кога ќе види неправда. Но кога таа е против него, паѓа во длабока дупка.

Риби – она што ги уништува нервите на Рибата е трескавична подготовка. Тие го сакаат темпото на своите води и секогаш кога им се наметнува, да брзаат за нешто, да се под напон за решавање на проблем, можат да се срушат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top